Поврзи се со нас

Гостивар

Отворена модуларната болница во Гостивар, дополнителни 35 кревети за пациенти со ковид

Објавено

на

Новата модуларна болница во Гостивар е подготвена за прием на пациенти со ковид. Објектот денес официјално беше отворен, но за сега нема потреба да се активира, со оглед на моменталната стабилна корона состојба во гостиварскиот регион. На отворањето на ковид центарот, кој е со капацитет од 35 кревети, присуствуваше  министерот за здравство Венко Филипче.

„Се става во функција модуларната болница во Гостивар, мини инфективна клиника за третман на пациенти со ковид. Болницата е целосно е опремена со немедицинска опрема, а треба да стигне и најсовремениот дигитален рентген апарат и ехо апарат со сите потребни сонди што ќе го направи овој мини центар соодветен за третман на сите форми на пациенти со ковид. Секако во иднина, во други услови да служи како тријажен или ургентен центар“, изјави Филипче.

Директорот на болницата, Јакуп Јакупи истакна центарот бил изграден во предвидениот рок и дека се целосно подговени да одговорат на потребите на пациентите.

„За краток период од околу 60 дена болницата беше подигната и може да се користи. Остана уште последниот дел од проектот, да пристигнат рентген и ехо апаратот. Во болницата ќе се хоспитализираат пациенти со ковид, секако доколку има потреба од тоа, ако дојде до зголемување на бројките. Ние сме подготвени да одговориме на потребите“, рече Јакупи.

Во модуларната болници, првично за пациентите ќе се грижи медицинскиот персонал од инфективното одделение. Како помош ќе бидат вклучени и други лекари и медицински сестри, по систем на ротација.

Модуларниот ковид центар е изграден на местото на поранешниот објект на дијализа, веднаш спроти инфективното одделение.  Објектот е еден од 16-те вакви, кои државата ги подигнува како дополнителни капацитети за згрижување на пациенти заболени од ковид со финансии обезбедени со кредит од Светска банка.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена