Гостивар
ОУ „Гоце Делчев“ домаќин на основци од Дебар – децата спортуваа и се дружеа
Најмалите основци од училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар се дружеа и спортуваа со своите врсници од дебарското училиште „Пенестија“. Дечињата под менторство на наставниците по физичка култура учествуваа во најразлични спортски активности и игри, за да го развиваат натпреварувачкиот дух, но и да ја искористат можноста за запознавање и зближување.
Настанот се одржа во рамки на проектот Унапредување на социјалната кохезија, поддржан од УСАИД.
„Целта е децата да добијат можност меѓусебно да се запознаат, да создадат пријателства, а и да се поттикнат да бидат што повеќе физички активни“, рече Пајтим Саити, проектен менаџер.
Гостиварското училиште, како домаќин на денешниот настан од организаторите ќе добие донација со спортски реквизити, коишто учениците ќе ги користат на часовите по физичко.
„Ова е многу убава активност како за училиштето, така и за учениците. Децата со голема радост и задоволство учествуваат и навистина едвај чекаа да се дружат со врсниците од Дебар и да спортуваат заедно“, рече Саранда Имери, заменик директор на ОУ „Гоце Делчев“.
Вакви активности во склоп на проектот ќе продолжат да се одржуваат и во наредните две години, а предвидено е и продукција и емитување на реална ТВ емисија со млади актери на теми и проблеми кои ги засегаат новите генерации.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди