Вести
ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар прослави патронат и четири децении постоење
Со пригодна манифестација и положување на цвеќе на бистата на Гоце Делчев во холот, гостиварското основно училиште што го носи името на овој македонски револуционер, денес го прослави патрониот празник. На главната свеченост присустуваа ученици, родители, просветниот кадар и претставници од образовни установи и институции од Гостивар. Основното училиште „Гоце Делчев“ годинава одбележува полни 40 години од функционирањето.
„На овој ден му оддаваме почит на нашиот патрон, еден од најголемите синови на Македониј. Визионер, национален херој, апостол и деец на македонското револуционерно движење. Горди на неговото дело, на неговата револуционерна, но пред се духовна борба, на неговите заложби за цивилизациски напредок, единствен начин да му се оддолжиме е да го продолжиме неговиот пат, онака како што тој ги постави основите – како натпревар на мисли и идеи кои водат кон напредок и подобро утре“, рече во својот говор директорот на училиштето Сашо Шарески.
Свечената програма на манифестацијата беше исполнета со реферат за Гоце Делчев, рецитации на стихови посветени на неговиот лик и дело, додека учениците од нижите одделенија беа задолжени за музичкиот дел од свеченоста.
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар настава следат околу 1.040 ученици во паралелки на македонски и на албански наставен јазик.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди