Гостивар
ОУ „Исмаил Ќемали“ Гостивар во мрежа на германски училишта

Објавено
пред 1 месецна

Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар стана дел од германската програма „Училишта – Партнери на иднината“, која има мрежа од над 2.000 училишта ширум светот партнерски поврзани со Германија. Соработката со Гете институтот, кој го спроведува проектот се официјализираше денес со потпишување на договор.
Програмата нуди можност учениците и професорите да ги надополнат своите знаења по германски јазик, преку заеднички активности и размени.
На настанот, кој се одржа во холот на училиштето присуствуваа министерката за образование Мила Царовска, градоначалникот Арбен Таравари и Амбасадорката на Германија Анке Холштајн.
„Овој тип на партнерства помеѓу училиштата од две различни може да придонесат во квалитетот на образование. Сметам дека она што може да го научиме од европските земји е дека мултукултурата, учењето на различни јазици, почитувањето на различни култури може да не носи само кон развој. Токму затоа, нашите наставници кои ја спроведуваат оваа програма, ќе ги преземат европските вредности и исто така, ќе ги пренесат на учениците“, изјави министерката Царовска.
Градоначалникот изрази задоволство што училиште во Гостивар влегува во ваква активност, која ќе биде од особена корист за децата.
„Како и во сите градови во Северна Македонија и во Гостивар кај учениците најголем интерес за странски јазици има за изучување на англискиот и германскиот. Затоа, мислам дека официјализирањето на соработката ќе биде во корист на сите деца. За Гете институтот не треба да се зборува, се знае дека станува збор за квалитетен тим и проекти, не се сомневам и дека управата на училиштето ќе продолжи со успеши активности“, рече Таравари.
Учењето германски јазик, на младите не треба да им биде со цел за да бараат работа во Германија, туку за да бидат подобро квалификувани да ја градат иднината во својата земја, истакна германската Амбасадорка.
„Оваа соработка овозможува да се донесе квалитетно изучување на германскиот јазик, овде во Гостивар. Ова училиште е прво со настава на албански јазик што се вклучува во мрежата, што сметам дека е важно. Сакам да нагласам дека младите луѓе не треба да имаат цел да го учат германскиот заради работа и иселување во Германија. Главната цел кога изучуваат јазик треба да им биде за подобра квалификација и подобра работа дома, за да ја градат својата иднина во својата земја“, изјави Амбасадорката Холштајн.
Во училиштето „Исмаил Ќемали“, германски јазик изучуваат околу 560 ученици.
„Соработка постои веќе неколку години, во нашето училиште се одржуваат сите регионални натпревари по германски јазик. Голем број ученици го изучуваат германскиот јазик. Сега верувам дека нашаат соработка ќе биде уште подлабока, а тоа подразбира и размена на ученици, размена на професори, доквалификација на наставниците по германски јазик по планови и програми кои се во европската рамка“, изјави Шпреса Усеини, директор на ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Следете го во живо натпреварот КК Куманово – КК Гостивар (Livestream)

Ковид биланс: 721 нов случај на корона во земјава

Филипче: Корона состојбата во Гостивар стабилна, но граѓаните да не се опуштаат

Повозрасните гостиварци немаат интерес за актиковид вакцина

Отворена модуларната болница во Гостивар, дополнителни 35 кревети за пациенти со ковид

КК Гостивар денеска гостува во Куманово

Ранобудните луѓе се поздрави и подобро функционираат во текот на работниот ден

Потпишан колективен договор меѓу синдикатот на УПОЗ и Општина Гостивар

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

Охридски хотелиер со убав подарок за малите планинари од Гостивар и водичот Шурбан

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 3 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 2 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово