Занимливости
Ова е Европскиот автомобил на годината

На крајот од минатата година беа објавени седумте финалисти за изборот на Европски автомобил на годината 2025, меѓу кои се најдоа „Alfa Romeo Junior“, „Citroën C3“, „Cupra Terramar“, „Dacia Duster“, „Hyundai Instar“, „Kia EV3“ и „Renault 5/Alpine A290“.
На свеченоста што се одржа во Брисел, жирито составено од 60 членови од 23 европски земји го избра „Renault 5“ и неговата спортска верзија „Alpine A290“ како најдобар автомобил на европскиот пазар, со освоени 353 поени.
На второ место се најде „Kia EV3“ со 291 поен, додека третото место му припадна на „Citroën C3 (ëC3)“ со 215 поени. „Hyundai Instar“ заврши на четвртото место со 172 поени, додека „Dacia Duster“ беше петта со 168 поени. „Cupra Terramar“ и „Alfa Romeo Junior“ ги освоија шестото и седмото место со 165, односно 136 поени.
Финалистите
Сите финалисти оваа година беа со електрифицирани погонски системи, од кои повеќето беа целосно електрични. Жирито имаше можност да ги тестира сите автомобили и да распореди 25 поени, при што еден автомобил можеше да добие максимум 10 поени.
„Рено 5“ – Компактен и електричен
„Renault 5“ е компактен електричен автомобил со различни опции за батерии. Нуди простор за пет лица и багажник со капацитет од 326 литри. Долг е 3,92 метри, што го прави компактно, но не и мало возило. Стандардно доаѓа со тркала од 18 инчи, а купувачите можат да изберат помеѓу три верзии на мотори – 94 КС, 121 КС (225 Nm) и 148 КС (245 Nm), како и две опции за батерии:
40 kWh со домет до 300 км во урбани услови.
52 kWh со домет до 400 км.
Внатрешност и цена
Внатрешноста е инспирирана од оригиналниот „Renault 5 Turbo“ и е изработена од рециклирани материјали. Основната верзија е опремена со дигитална инструмент-табла од 7 инчи, додека повисоките верзии имаат 10-инчен систем.
Цената на „Renault 5“ е околу 25.000 евра, што го прави достапен за поширок круг на купувачи.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо