Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ова не сте го знаеле – 5 нешта врз кои музиката делува позитивно

Објавено

на

Музиката делува како магија, може да нѐ равесели кога сме тажни, да не натера да танцуваме со часови, да ни овозможи да избегаме од реалноста. Но, и покрај тоа што ни го залекува “скршеното срце“, музиката има и свои научно докажани корисни дејства. Еве неколку проблеми во кои музиката може да помогне.

5. Музиката им помага на билките

Моузиката може да ни помогне во одгледувањето на совршени билки. Дороти Реталак ја потврдила оваа теза во својата книга која ја напишала во 1973-та година со наслов Sound of Music and Plants.

Дороти им пуштала рок музика на една група на билки и тивка и полесна музика на друга идентична група. На крајот од истражувањето, билките кои “слушале потивка и полесна музика биле со изедначен раст, здрави и полни со боја (зелена), дури биле и благо наклонети кон изворот на музика. Билките на кои им било пуштано рок музика пораснале високи, но нестабилни, со избледени лисја и наклонети во спротивен правец од изворот на музика.

4. Музиката ги подобрува ставот и однесувањето на тинејџерите

Во студија спроведена во 2008-ма година, истражувачот Тобиас Греитмајер сакал да проучи како текстовите на песните влијаат врз ставовите и однесувањето на тинејџерите.

На една група тинејџери им пуштал “социјално поврзани“ песни со позитивни пораки, како “Heal the World“ на Мајкл Џексон. Друга група пак слушала песни со текстови со неутрална содржина. Истражувачот тогаш, “случајно“ оборил сад со моливи. Групата која која слушала песни со позитивни текстови и пораки не само што помогнала многу побрзо, туку и собрала многу повеќе моливи од оборенеиот сад.

3. Музиката му помага на срцето

Кога велиме музиката му помага на срцето, не мислиме на љубовни проблеми, туку на здравствени. Музиката може да им помогне на пациенти кои се опоравуваат од срцев удар и од операција на срцето, спуштање на крввниот притисок, забавување на одчукување на срцето и намалување на срцевите тегоби.

Истражувањата покажуваат дека слушањето песни кои предизвикуваат чувство на радост, предизвикуваат пак зголемена циркулација и проширување на крвните садови, а тоа делува позитивно на човековото срце.

2. Музиката го подобрува вкусот на виното

Група од научници тврди дека одредени видови на музика можат да го “подобрат“ вкусот на виното дури до 60%.

Во студијата, испитаниците оцениле дека белото вино за 40% е поосвежително кога го пиеле со одреден вид на музика (слушале “Just Can’t Get Enough” од Nouvelle Vague). Вкусот на црното вино се подобрил за 60% додека слушале “Carmina Burana”.

1. Музиката ги поправа оштетувањата на мозокот

Милиони луѓе доживуваат одреден вид на оштетување на мозокот секоја година, за жал, поради ова остануваат последици како што се проблеми со двиќењето и со говорот. Според научниците, најдобра терапија за лечење на оштетувањата на мозокот е токму музиката.

Кога одат и танцуваат во ритм, луѓето неуролошки оштетувања добиени од мозочен удар или Паркинсова болест можат да го вратат “симетричниот чекор и чувството за рамнотежа“. Студија работена со деца со аутизам кои не моќат да зборуваат, открила дека музиката им помага да артикулираат зборовите. Неколку деца, кои учествувале во студијата, ги кажале своите први зборови во животот токму со терапија со музика.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена