Занимливости
Ова се најлуксузните летни одмаралишта на Медитеранот

Медитеранската област е позната по големото крајбрежје, прекрасното Средоземно море, како и медитеранската клима, која местата сместени покрај море ги прави совершена летна дестинација. Медитеранските летувалишта претставуваат омилена дестинација за летување на туристите од Европа, но и од целиот свет. Сепак, со оглед на тоа дека Средоземно море излегува на многу држави, огромното крајбрежје претворено во одмаралишта и најразлични културни и историски обележја, тешко е да се одлучи кое место да се избере за одмор.
Ако сте во потрага по луксуз, на Медитеранот го има во изобилство. Одлучивме да ви олесниме во потрагата и претставиме неколку најлуксузни летувалишта на Медитеранот, каде можеби ќе уживате, уште ова лето.
Капри, Италија – местото каде се спојуваат италјанскиот шарм и луксуз
Капри е фотогеничен италијански остров, сместен на преубавиот Неаполски залив, до кој може да стигнете само со траект, (се разбира можете и со приватна јахта или хеликоптер). Капри не е случајно познат како омилена летна дестинација на светскиот џет-сет. За луксузот на ова летувалиште доволно е да се спомене дека е омилена место на Џеки Кенеди Оназис.
Софистициран и шармантен, со посебен италјански шмек, Капри, веќе на прв поглед на неверојатните пејсажи остава без здив. Доколку сакате да го почувствувате вкусот на максималниот луксуз, изберете го Capri Tiberio Palace Hotel (5*), каде може да уживате во совршено изладен шампањ, на тераса со поглед на Средоземно море.
Порто Монтенегро – место од соништата за секој јахташ
Кога станува збор за луксуз на Медитеранот и во наша близина пости место кое се носи со врвните дестинации. Порто Монтенегро, во делот на Тиват, крајбрежното црногорско гратче, се искачи на самиот врв на скалата на луксузот. Како и самиот назив кажува, пред се претставува пристаниште, но во својата целина ги има си потребни работи, за оние кои ќе се укотват со своите јахти и може да ги посакаат.
Сопствениците на јахти, Порто Монтенегро со задоволство го посетуваат од самиот почеток на сезоната и уживаат во придобивките кои ги нуди овој комплекс. Од ужување во пијалоци во Yacht Club, преку обиколка на Наутичкиот музеј, дегустација на импресивни морски плодови во некој до рестораните, Порто Монтенегро претставува место од соништата за секој јахташ. Луксузните апартмани во Црна Гора се грижат гостите да уживаат во луксузот и при смештајот.
Монако, Француско крајбрежје – гламур на секој чекор
Монако, познат и како втора најмала држава на светот, се наоѓа на Азурното крајбрежје и припаѓа на славната, луксузна Француска ривиера. Сигурно веќе сте слушнале за ова гламурозно место, ако не поради нешто друго, тогаш благодарејќи на Гранд При престижната трка во Формула 1.
Шетајќи низ Монако, со сигурност ќе наидете на некој светски познат глумец, бизнисмен или некоја друга популарна ѕвезда и тоа не треба да ве чуди – светскиот џет-сет не може без Монако, а најчесто времето го поминуваат на своите јахти, во казината, прошетки низ градот и покрај самото крајбрежје.
Сен Тропе – омилена дестинација на Викторија и Дејвид Бекам
На гламурозниот и величествен Азурен брег, Сен Тропе е посебно популарен. Подсетува на Монако, како и сите луксузни крајбрежни места во Франција, па безбројните јахти, тиркизното море, со рестораните и хотелите од највисок ранг, се неговите главни карактеристики.
За разлика од Монако, Сен Тропе повеќе го посетуваат парови, па таму секогаш може да се видат Викторија и Дејвид Бекам, Бејонсе и Џеј Зи, Анџелина Џоли и Бред Пит (пред разводот) беа редовни посетители на ова место, како и многу други популарни парови. Задолжително кога ќе ве води патот натака, да ја посетите плажата, Plage de Pampelonne, која е позната по ексклузивните приватни клубови и пространството од најситен бел песок.
Санторини, Грција – спој на бели луксузни куќи и сино море
Уште една летна дестинација која изобилува со луксуз во нашето соседство, овој пат во Грција. Позната по големиот број на острови и најубавите плажи на светот, цела Грција е исклучиво привлечна за туристите, посебно за оние кои се во потрага по луксуз.
Санторини е еден од тие луксузни острови во Грција, а толку е убав што се наоѓа меѓу најфотографираните летни туристички места на светот. Белите куќи и тиркизната боја на морето, со најдобрите грчки специјалитети и вина целото уживање во посетата на Санторини го прават неверојатно луксузно искуство.
Ако се уште сте по потрага по луксузна дестинација на Медитеранот, се надеваме ви помогнавме во изборот, било кое место да посетите, со сигурност нема да се покаете.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар