Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ова се симптомите при интолеранција на глутен

Објавено

на

    Интолеранцијата на глутен се манифесира со слични симптоми како оние на целијачната болест, но е помалку сериозна состојба. Сепак таа може да предизвика значителна непријатност кај луѓето коишто се соочуваат со истата, па оттука тие понекогаш се одлучуваат да направат одредени промени во својот стил на живот и исхрана со цел подобро да управуваат со симптомите.

    Интолеранцијата на глутен честопати се меша со целијачната болест, но тие се две одделни состојби. Целијачната болест е тешка автоимуна болест и може да го оштети дигестивниот систем на оној што боледува од истата.

    За разлика од целијачната болест, сепак, состојбата на интолеранција на глутен, иако има слични симптоми, таа не го вклучува имунолошкиот систем и не го оштетува гастроинтестиналниот тракт.

    Понекогаш, исто така, интолерантноста на глутен може да се помеша со алергија на пченица, којашто може да биде опасна по живот, бидејќи некои симптоми можат да го нарушат дишењето или да предизвикаат губење на свеста, што не се јавува кај целијачната болест или интолеранцијата на глутен.

    Симптоми на интолеранција на глутен

    Многу од симптомите на интолеранција на глутен се јавуваат за кратко време по конзумирањето на глутен. Сепак, точната комбинација на симптоми може да варира. Луѓето кои се интолерантни на глутен најчесто имаат комбинација од некои од следните симптоми:

    Дијареа и запек

    Лицата коишто имаат интолеранција на глутен често се жалат на појава на дијареа и запек како вообичаен симптом по консумацијата на глутенска храна. Иако овие се дигестивни проблеми коишто е нормално да се појават повремено, кога се чести и се појавуваат секојдневно може да се резултат на интолерантност на глутен.

    Надуеност

    Друг многу чест симптом којшто се појавува кај луѓето со интолеранција на глутен е надуеноста, којашто се однесува на чувството на полн стомак којшто предизвикува непријатност. Надуеноста на стомакот е често придружена со гасови.

    Прејадувањето е многу честа причина за надуеност, но може да се случи поради неколку различни причини. Кај лицата со интолеранција на глутен, чувството на надуеност може да се појавува почесто и да не биде поврзано со количината на храна којашто е внесена туку со типот на храна, односно глутенската храна.

    Абдоминална болка

    Абдоминалната болка, исто така, може да се појави од повеќе причини. Сепак, оние коишто имаат интолеранција на глутен често забележуваат дека доживуваат абдоминална болка без друга очигледна причина и како последица од консумацијата на храна со глутен.

    Замор

    Заморот е уште еден симптом којшто се појавува кај луѓето со интолеранција на глутен и којшто е тежок за идентификување, бидејќи може да биде резултат на повеќе причини од кои многу не се поврзани со било каква медицинска состојба. Сепак, луѓето со интолерантност на глутен може да имаат постојани чувства на замор што го нарушуваат секојдневното функционирање.

    Гадење

    Лицата коишто имаат интолеранција на глутен, исто така, можат да доживеат гадење, особено по конзумирање на храна којашто содржи глутен. Гадење од храна може да се појави и заради други причини, но доколку често се појавува после консумацијата на храна којашто содржи глутен може да биде знак за интолеранција на глутен.

    Главоболки

    Појавата на чести главоболки е уште еден симптом кој може да се појави кај луѓето со интолеранција на глутен.

    Други симптоми

    Луѓето со интолеранција на глутен може редовно да доживуваат неколку од горенаведените симптоми по консумацијата на храна со глутен. Тие, исто така, може да се соочат и со други симптоми коишто се поретки и вклучуваат:

    • болка во зглобовите и мускулите;
    • депресија или анксиозност;
    • конфузија;
    • тешка абдоминална болка;
    • анемија.

    Како се дијагностицира интолеранцијата на глутен?

    Доколку едно лице се соочува со некои од горенаведените симптоми и се сомнева на интолеранција на глутен од голема важност е најпрво да се осигура дека потешка состојба, како што е целијачна болест или алергија на пченица, не е присутна.

    Ова може да се испита преку земањето на примерок од крв, кој потоа се анализира за да се открие присуството на антитела кои може да укажуваат на целијачна болест или алергија на пченица. Во некои случаи, може да бидат потребни и други тестови.

    Најчестиот метод што луѓето го користат за да утврдат дали е присутна глутенската интолеранција е намалување или исфрлување на глутенот од исхраната и следење на промените во симптомите.

    Koja храна треба да се избегнува?

    Луѓето кои имаат интолеранција на глутен вообичаено се обидуваат да избегнат каква било храна којашто содржи глутен, а тоа е секоја храна којашто содржи:

    • пченица и сите состојки што потекнуваат од пченица;
    • јачмен;
    • ‘рж;
    • пивски квасец.

    Храната и пијалаци кои содржат глутен се:

    • тестенини;
    • леб;
    • колачи;
    • печива;
    • крекери;
    • житарици;
    • палачинки и вафли;
    • бисквити;
    • газирани сокови и пиво.

    Во соработка со Е наука

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 9 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 18 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 23 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 1 ден

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 1 ден

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 1 ден

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 1 ден

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 1 ден

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена