Вести
Овaa малa „лепенка“ може да поттикне посилен имунолошки одговор од вакцините со игла

Научниците развија микро – „вакцина“ што ветува многу поголем имунолошки одговор од традиционалните вакцини – и сето тоа без потенцијална болка и вознемиреност поврзани со конвенционалните игли.
Новиот изум е создаден со употреба на напредна техника на 3D-печатење наречена „континуирано производство на течни интерфејси“ или CLIP, што користи ултравиолетова светлина и специјална смола за создавање на лепенки коишто се конзистентни по големина, форма и растојание помеѓу иглите.
Леснотијата и брзината со која може да се развијат овие вакцинални лепенки може да придонесе за нивна многу поширока употреба, велат истражувачите. Покрај целосно избегнување на конвенционалните игли, друга предност на овие лепенки е тоа што тие можат да се употребат самостојно, без потреба од медицнско лице.
Тоа е затоа што кратките игли треба да навлезат само под површинскиот слој на кожата (трансдермална), а не до крај (поткожно или мускулно) како традиционалните вакцини.
Лековите се ослободуваат директно во близина на имунолошките клетки на кожата, што е совршено за вакцини. Со поефикасен систем за испорака, можно е соодветно да се намалат дозите, појаснуваат авторите на студијата.
Во лабораториските тестови на глувци, истражувачите откриле дека нивната лепенка генерира одговор на Т-клетки и специфични антигенски антитела, 50 пати поголем од традиционалната, поткожна инјекција.
„Демонстриравме дека испораката на микро-игли со 3Д печатење резултираше со зголемено задржување на лекот во кожата, активирање на имунолошките клетки и посилни хуморални и клеточни имунолошки одговори во споредба со традиционалните начини на вакцинација“, објаснуваат истражувачите во својот труд.
Тимот вели дека таквиот дизајн и пристап може да се прилагодат за да опфатат вакцини за грип, мали сипаници, хепатитис, па дури и СОВИД-19. Нема потреба од посебно ракување или ладење во однос на транспортот, што може да помогне да се зголемат стапките на вакцинација.
Иако овој начин допрва треба да се тестира на луѓе, се очекува слични резултати како што се видени кај глувците.
Истражувачите веќе почнуваат да разгледуваат како РНК вакцините (вклучувајќи ги и вакцините Пфајзер и Модерна, против корона вирусот) може да се вградат во овој дизајн.
Истражувањето е објавено на интернет страната на Американската национална академија за наука – PNAS.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава