Македонија
Овие организатори ќе добијат пари за настани во чест на 30 години независност
Владата ја објави листата на одобрени проекти кои ќе бидат финансирани од буџетот, а се однесуваат на настани за одбележување на 30 години државна независност, во периодот јуни – септември 2021.
Генералниот секретаријат претходно објави јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на вакви настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи.
„Предложените проекти ги оцени комисија составена од редот на вработените во Владата, а при оценувањето на содржинскиот дел од пријавите, членовите на комисијата се водеа од квалитативните оценки на стручни во областа на организација и продукција на содржини од јавен интерес кои беа вклучени во процесот на евалуација. Одобрени се средства за 37 проекти за организација на јавни настани во периодот јуни – септември, за што Владата обезбеди 61.499.421 денари.“, соопштија од прес службата на Владата.
Листата на одобрени проекти може да ја најдете на следниот ЛИНК
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар