Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Овој тип на јогурт е супер извор на протеини и корисен за коските

Објавено

на

Грчкиот јогурт не само што е хранлив, туку истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на оваа храна може да има повеќекратни здравствени придобивки.

Грчкиот јогурт е традиционален, а сега сè попопуларен млечен производ кој најмногу се консумира во Грција и Турција, а оттаму се рашири низ целиот свет. Има погуста текстура од обичниот јогурт и поостар вкус и обезбедува голем број есенцијални хранливи материи, вклучувајќи витамин Б12, калциум и витамин А, а има повеќе протеини и помалку јаглени хидрати од обичниот јогурт.

Грчкиот јогурт е добар извор на протеини и други есенцијални хранливи материи

Не само што грчкиот јогурт е хранлив, туку истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на оваа храна може да обезбеди здравствени придобивки на повеќе начини. Oд брзо заситување до зајакнување на нашите коски. Грчкиот јогурт има многу повеќе протеини од обичниот јогурт. Всушност, тој обезбедува двојно повеќе од количеството на протеини кои се наоѓаат во обичниот јогурт.

Протеините се есенцијални за здравјето бидејќи аминокиселините, кои често се нарекуваат „градежни блокови“ на протеините, се потребни за синтеза на хормони и невротрансмитери, имунолошка функција и многу други витални процеси. Исхраната богата со протеини е поврзана со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи контрола на тежината, подобрена густина на коските и подобра регулација на шеќерот во крвта.

Богат е со здрави масти, витамини и минерали

Покрај протеините, грчкиот јогурт е богат со здрави масти, витамини и минерали. На пример, порција од 200 грама грчки јогурт покрива повеќе од 40 проценти од нашите потреби за витамин Б12, хранлива материја неопходна за невролошките функции, како и потребата од селен, минерал неопходен за здравјето на тироидната жлезда, кој има моќни антиоксидантни својства. Исто така е добар извор на калциум, цинк и неколку други витамини и минерали.

Грчкиот јогурт го промовира здравјето на коските и растот на мускулите

Нашиот скелетен систем зависи од постојаното внесување на хранливи материи за да ја одржи својата сила и густина. Грчкиот јогурт обезбедува протеини, калциум, магнезиум и фосфор, кои играат важна улога во одржувањето на здравјето на вашите коски. Истражувањата покажаа дека консумирањето грчки јогурт може да помогне во одржувањето на минералната густина на коските и да го намали ризикот од остеопороза и фрактури кај постарите лица.

Конзумирањето грчки јогурт може да помогне за заздравување, односно раст на нови коски и намалување на распаѓањето на коските кај помладите.

Помага за градење и обновување на мускулите

Покрај тоа што го поддржуваат здравјето на коските, протеинот е важен за раст на мускулите и за обновување на мускулите после тренинг. По интензивен тренинг, стапката на синтеза на мускулни протеини се зголемува за неколку часа, така што конзумирањето на протеини после тренинг му помага на телото да ги снабдува протеините што му се потребни за градење и обновување на мускулите.

Истражувањата покажуваат дека храната богата со протеини, како што е грчкиот јогурт, може да помогне во подобрувањето на мускулниот раст и силата за време на тренингот, поради што грчкиот јогурт често се користи како храна за закрепнување после тренинг. Дури и кај не-спортистите, редовното консумирање на храна богата со протеини е од суштинско значење за одржување на здрав состав на телото и поддршка на растот и силата на мускулите.

Грчкиот јогурт не одржува сити и одржува здрава телесна тежина

Вклучувањето на храна богата со протеини во вашата исхрана е еден од најдобрите начини за одржување на ситост и здрава телесна тежина. Тоа е затоа што протеинот е најзаситниот макронутриент, што значи дека храната богата со протеини, како што е грчкиот јогурт, може да ви помогне да се чувствувате сити после јадење, што може да помогне во регулирањето на внесот на калории.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 час

Две жртви во тешка несреќа на патот Гостивар-Кичево

Здравје и убавинапред 3 часа

Многумина ги консумираат, но кои се скриените опасности од енергетските пијалоци?

Што, како, каде?!пред 5 часа

Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар

Македонијапред 6 часа

Претреси во повеќе градови, полицијата и истражители бараат докази за перење пари и даночно затајување

Вестипред 6 часа

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Македонијапред 7 часа

Заврши расправата за измените на Законот за локална самоуправа, гласање дополнително

Гостиварпред 9 часа

Едно лице повредено од експлозија на рачна бомба на нива во Неготино-полошко

Гостиварпред 10 часа

Лимани најавува 15 проекти за подобра патна инфраструктура на Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Уписите во градинките во Гостивар се етапни, на листа на чекање има околу 190 деца

Гостиварпред 4 недели

Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил

Гостиварпред 4 недели

Нападнати малолетници ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Годинава за прв пат света Архијерејска литургија во манастирот „Свето Преображение Христово“ во Гостивар

Здравје и убавинапред 2 недели

Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?

Гостиварпред 2 недели

Прекин на водата во Малеарди, населба Млаки и дел од село Дебреше

Гостиварпред 2 недели

Гостиварец ја пријавил сопругата за напад, регистрирани и други случаи на семејно насилство

Гостиварпред 1 недела

Малолетник од Гостивар пријавил вознемирувачки случај, лице го наведувало на полови односи

Гостиварпред 1 недела

Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена