Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Овошје борец против хроничен замор и исцрпеност

Објавено

на

Ако сакате да направите нешто добро за вашето здравје, тогаш вметнете ја рибизлата во исхраната. Без оглед дали се работи за црвена или црна, многу е здрава и важи за вистински освежувач на целиот организам. Црвената рибизла е покисела и обично се јаде свежа, додека црната почесто се користи за сокови, компоти, џем и слично.

Ќе ви биде одличен сојузник за зајакнување на имунитетот, со оглед дека содржи многу витамин Ц, во 100 грама има дури 40-45 мг. витамини, што е скоро 60% од дневните потреби. Го подобрува апетитот, па затоа се препорачува на лица кои имаат недостаток на апетит. Воедно, позитивно делува и врз системот за варење на храната и го поттикнува метаболизмот.

Листата на корист од ова овошје е навистина долга: делотворно е против ревматски болки, ја прочистува и зајакнува крвта, а може да одигра важна улога и во прочистување на црниот дроб од токсини.  Калиумот и витаминот П, што ги содржи го регулираат нивото на холестерол во крвта, важни се за елиминација на слободни радикали, спречување атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања.

Рибизлите даваат енергија и се овојше борец против хроничниот замор и исцрпеност, состојби со кои секојдневно се борат голем број луѓе во модерното доба.

Чај од рибизла:

Во 200 мл. врела вода ставете неколку листови од рибизла, оставете да отстои 15 минути, процедете го и конзумирајте со мед и лимон.

Сок од рибизла:

1 кг. рибизли

1 литро вода

1 кг. шеќер

1 лимонтус

Исчистените рибизли изгмечете ги добро за да добиете што повеќе сок од нив, па додадете ја водата и лимонтус. Оставете да отстои на ладно место еден ден и промешувајте неколку пати.

Процедете го сокот низ газа, додадете го шеќерот, добро промешајте и повторно оставете да отстои на ладно место 1 до 2 дена. За тоа време често мешајте за да се растопи шеќерот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена