Здравје и убавина
Овошје кое помага при намалување на холестеролот и крвниот притисок

Ова овошје е богато со минерали како што се калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар. Исто така ова е овошје кое му дава дополнителна енергија на нашиот организам во текот на овие зимски месеци.
Сувите смокви се богати со минерали, витамини и антиоксиданси. Од друга страна, важно е да се знае дека тие имаат значително повеќе калории од свежото овошје.
И свежите и сувите смокви содржат значителни количини на витамини од групата Б, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина.
Овие материи, кои ги има во изобилство во смокви, учествуваат во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите. Витамините од Б-комплексот се особено важни за функцијата на мозокот, особено за доброто расположение.
Сувите смокви се богати со минерали како што се калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар. Железото и бакарот се потребни за создавање на црвените крвни зрнца, додека калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности и помага во регулирањето на отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
Според нутриционистите, смоквите можат да помогнат при неколку здравствени проблеми:
Спречуваат запек
Како што тврдат нутриционистите, во три овошки од смокви можеме да најдеме дури пет грама природни влакна. Високата концентрација на природни влакна во смоквите ќе помогне во здравата функција на цревата и ќе овозможи редовно варење и подобар метаболизам.
Смоквите можат да помогнат во намалувањето на холестеролот во крвта
Смоквите содржат пектин, природно влакно кое лесно се апсорбира и поминува низ дигестивниот тракт, а со тоа го отстранува вишокот холестерол и го пренесува во екскреторниот систем за да се елиминира од телото.
Помагаат за намалување на крвниот притисок
Смоквите имаат високо ниво на калиум и низок натриум, па затоа се совршен борец против високиот крвен притисок. Тоа ги прави и релаксирачка храна, па поволно делуваат на нашите нерви помагајќи ни да се смириме на природен начин.
Покрај овие здравствени проблеми, смоквите можат да бидат корисни и за зајакнување на коските, лекување изгореници и рани, контролирање на дијабетесот и отстранување на плускавци.
Сувите смокви се одлична, здрава ужина која ќе ве засити и ќе ви даде дополнителна енергија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар