Поврзи се со нас

Македонија

Овозможена електронска проверка на предметите за приватизација на градежно земјиште

Објавено

на

Пуштена е во функција електронска платформа, privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи. Од Министерството за финансии велат дека на овој начин граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, се подобрува ефикасноста на Управата и се изврши дигитализација на процесите.

„Постапката за користење е многу едноставна. Се што ви треба од податоци се архивскиот број на предметот, кога е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен. Доколку не ја знаете катастарската парцела или општината, доволно е само да го внесете својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на вашиот е-маил доставува податоци до каде е вашиот предмет“, изјави на презентацијата на платформата, министерот за финансии Драган  Тевдовски и посочи дека засега на платформата се внесени предметите од 2018 и 2019 година, додека во рок од една година ќе се внесат и сите предмети.

Според директорката на Управата, Шасине Касами платформата е само еден од чекорите кои институцијата ги презема во насока да биде ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите.

„Порталот за проверка на статус на предмети за приватизација е направен во рамки МИС системот, изработен во 2013 година со поддршка на проект од Светска банка. Иако и тогаш постоела опција да се направи ваква платформа, таа можност не била искористена. Ние ја искористивме оваа можност за да им понудиме подобра услуга на граѓаните. Наша цел е да бидеме ефикасна Управа, која ќе им служи на граѓаните и фирмите и ќе понуди квалитетна услуга“, рече Касами и посочи дека се работи на решавање на поднесените предмети за приватизација и дека од 310.000 поднесени, останати се околу 90.000 предмети за решавање.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена