Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Пациентите не го разбираат ризикот од непотребни антибиотици

Објавено

на

Во истражувањето, спроведено од Универзитетите „Џорџ Вашингтон“, „Корнел“ и “Џон Хопкинс“, биле анкетирани 113 пациенти од една урбана болница, со цел да се тестира сфаќањето на пациентите за антибиотиците. Откриле дека пациентите бараат да им бидат препишани антибиотици и покрај тоа што знаат дека, ако имаат вирусна инфекција, антибиотиците нема да им помогнат. Овие пациенти веруваат дека земањето на лекот нема да им ја влоши состојбата и дека ризикот од непотребното замање на антибиотици, не е поголем од можноста  тие  да им помогнат.

„Пациентите сметаат дека антибиотиците не можат да им наштетат. Кога се болни, тие бараат нешто што ќе им помогне да се чувствуваат добро. И покрај тоа што теоретски знаат за ризиците од несаканите ефекти од непотребното земање на антибиотици,  сметаат дека тие ризици се многу мали“, вели д-р Брониатовски, член на истражувачкиот тим.

Сепак, спротивно на мислењето на пациентите, постојат многу ризици кои се поврзани со непотребното земање на антибиотици, меѓу кои и секундарни инфекции и алергиски реакции.

„Повеќе од половината од анкетираните пациенти знаеја дека антибиотиците не делуваат на вирусите, па сепак се согласија да ги земаат „за секој случај“, вели д-р Брониатовски. „Мора против оган да се бориме со оган. Ако пациентите сметаат дека антибиотиците нема да им наштетат, не е доволно само да им кажеме дека веројатно имаат вирусна инфекција. Треба јасно да им укажеме дека антибиотиците можат да имаат прилично лоши несакани дејства и дека дефинитивно не можат да ја излекуваат вирусната инфекција.“

Истражувањето покажува дека повеќето едукативни алатки, кои се однесуваат на опасностите од непотребната употреба на антибиотиците, се фокусираат на разликите помеѓу бактериите и вирусите, а не им објаснуваат на пациентите зошто да не ризикуваат. Иако истражувањето е мало, резултатите сигнализираат за потребата од промена во пристапот за едукација на пациентите. Здравствените работници, како и едукативните материјали би требало да се насочат кон убедувањата на пациентите, односно кон посочување на заблудите што пациентите ги имаат околу употребата на антибиотиците.

Истражувачите се надеваат дека примената на ваква стратегија во клинички услови ќе доведе до редукција на прекумерното препишување на антибиотици.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена