Поврзи се со нас

Вести

Пад на еврото во однос на доларот и франкот

Објавено

на

На светските пазари вредноста на доларот во однос на останатите валути силно порасна минатата недела бидејќи американската ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па со тоа курсот на еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите светски валути, минатата недела порасна за 3 отсто на 112,96 поени, а во еден момент, за прв пат по 20 години, се проби над нивото од 113 поени.

Растот на доларот втора недела по ред е благодарение на дополнителното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Ваквото брзо зголемување на каматните стапки, кое започна во март годинава, претставува најагресивно зголемување на цената на парите од 1990 година, кога ФЕД почна да ја користи каматата на заемите преку ноќ како основна алатка на монетарната политика.

Еврото тоне и во однос со франкот. Швајцарскиот франк оваа недела во однос на еврото го достигна највисокото ниво од јануари 2015 година.

До четвртокот швајцарската централна банка беше последна во Европа која имаше негативна каматна стапка, но и тоа се промени. Од јуни, швајцарските монетарни власти (за прв пат по 15 години) почнаа да ја заоструваат монетарната политика, откако основната каматна стапка беше фиксирана на минус 0,75 отсто од 2015 година.

Слична е ситуацијата и со Британската валута, фунтата минатата недела потона за 3% на 1,0840 долари и е на најниско ниво во изминативе 37 години.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Невреме во Турција, торнадо кај Измир и откорнати дрвја, оштетени возила

Македонијапред 5 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 6 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 7 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 8 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 8 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 22 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена