Поврзи се со нас

Гостивар

Паднаа првите казни во Гостивар за неносење маски на отворено

Објавено

на

Од самиот почеток на пандемијата, полицијата секојдневно спроведува контроли околу почитувањето на мерките за заштита од коронавирус. Од пред два дена, со воведувањето на задолжително носење маска и на отворено, опфатени се и вакви контроли. На подрачјето на Гостивар веќе „паднаа“ и првите казни за граѓани кои не ја почитувале оваа нова мерка, потврдија за Gostivarpress.mk од СВР Тетово.

Според нивните податоци, во изминатото деноноќие во Гостивар вкупно биле казнети 31 лице, кои не носеле заштитна опрема на носот и устата. Дел од санкционираните биле без маски на отворен простор. Во Тетово бројката е многу поголема. Со казни се соочиле вкупно 108 граѓани.

Казните се во висина од 20 евра.

Носењето маска на отворено не е задолжително едонствено при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Mаска на отворено, исто така не се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, ако лицето е помладо од 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба, поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена