Македонија
Паднаа првите казни за ненамалени цени за училишен прибор

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради неводење трговска евиденција.
Казнети се и двајца трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект е издадена глоба од над 452 000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105 000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76 000 денари.
Надзорите се прават низ цела територија на Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог