Поврзи се со нас

Гостивар

Пакети за загрозени семејства и ваучери за мали бизниси во Гостивар, Кичево и Дебар

Објавено

на

Семејства од маргинализирани заедници и локални мали и средни бизниси ќе добијат помош преку проект кој започнува да се спроведува во Гостивар, Кичево и Дебар.

Проектот е насловен „Борба против ширењето и ублажување на најсериозните негативни последици од пандемијата Ковид-19 кај маргинализираните заедници на западен Балкан”. Го координира организацијата Care од Косово, додека во Македонија го реализира невладината Месечина од Гостивар.

Предвидено е да бидат дистрибуирани 250 хигиенски пакети и по 45 прехранбени и медицински пакети. Бизнисите ќе се помогнат со ваучери.

„Ќе бидат опфатени 15 локални фирми кои се бават со мал и среден бизнис, ќе се обидеме преку овој пакет на помош да им се помогне во набавка на репроматеријал кој им е потребен за да може да го издржат товарот кој им го нанесува пандемијата. Еден ваучер ќе изнесува 500 евра“, изјави Мухамед Точи, претседател на „Месечина“

За распределување на помошта ќе бидат ангажирани педесетина волонтери. Според планираното, сите активности треба да се заокружат за околу три месеци.

Денес во општина Гостивар се одржа работен состанок со вклучените организации со цел координација за што поефикасно спроведување на сето она што е предвидено.

Проектот е финансиран од Германското сојузно министерство за надворешни работи. Вкупната финансиска рамка изнесува 40 илјади евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена