Поврзи се со нас

Гостивар

Пандемијата ги намали приходите во општинскиот буџет на Гостивар

Објавено

на

Коронакризата ги намали приходите во општинскиот буџет на Гостивар. Реализацијата на буџетот во првата половина од годината е околу 45%, што според одговорните за финансии во локалната самоуправа е задоволително ниво. Сепак, пандемијата резултира со пониска наплата на даноците и таксите, а недоаѓањето на печалбарите е удар плус врз јавните пари.

„Постојано правиме анализи и ја разгледуваме состојбата. Факт е дека пандемијата влијае негативно, граѓаните се финансиски погодени и помалку ги подмируваат обврските. Исто така печалбарите не дојдоа, општината во летните месеци обично има најголем износ на наплата на такси и даноци, а годинава имаме намалување во тој поглед.“, рече Садри Елези, раководител на Секторот за финансии

Најголем процент на реализација на буџетот во првите шест месеци има кај дотациите од државата и кредитите.

„Од 1 милијарда 112 милиони денари планирани, реализирани над 500 милиони. Основниот буџет има реализација од околу 42%, самофинансирањето 45%, дотациите се со најголем процент на реализација затоа што тоа се пари кои дирекно доаѓаат од државниот буџет, кредитите се со над 82%.“, рече Елези.

Се очекува негативните економски ефекти од коронакризата да се чувствуваат уште долго. Полнењето на општинскиот буџет во делот на самофинансирањето, ќе зависи од  финансиската моќ на граѓаните и инвеститорите. Ако се наплатат побарувањата, општината ќе има и плус пари за планирање на капитални инвестиции, оценуваат од секторт за финансии.

Кварталниот извештај за буџетот на Општина Гостивар ќе се најде на дневен ред на седницата на Советот, што ќе се одржи следната недела.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 10 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 11 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 13 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена