Гостивар
Панел во Гостивар: Младите да ги заменат телефоните со природа и читање

Неконтролираната употреба на мобилни телефони, таблети, лап топи и слично носи големи последици по менталното и физичкото здравје на младите, алармираа стручните лица на денешната панел дискусија која се одржа во Гостивар. Настанот беше наменет за средношколци од гостиварските училишта, а го организираше општинскиот Сектор за социјални дејности.
„Таа поврзаност кон дигиталната технологија кај младите има големи ризици за здравјето. Замислете колку што имаат контект секојдневно со мобилните телефони, толку да имаат контект со цвеќе, со природата, со некоја книга, со реалноста. Тој виртуелен свет го пасивизира човекот. Посбено младите, ги прави анксиозни, подложни на стрес, депресија. Тие едноставно се преокупирани со технологијата и социјалните мрежи и тоа треба да се менува, да се контролира“, истакна психологот Муса Мусаи.
За последиците од секојдневното претерно користење на дигиталните уреди на дискусијата зборуваше Валбон Лимани, како лекар по професија.
„Негативните ефекти се бројни и овде сме да им ги предочиме на учениците од средните училишта. Посебно сакаме да нагласиме дека треба да се подигне свеста кај нив за помалку да ги користат мобилните телефони и сличните уреди. Кога зборуваме за последиците, ги има од сите аспекти. Ќе ги споменеме дебелината, проблеми со видот, ‘рбетниот столб и слично.“, рече Лимани.
Со денешната панел дискусија беа опфатени средношколците од албанските паралелки, а организаторите најавија дека ваков настан ќе се одржи и за учениците од македонските паралелки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава