Поврзи се со нас

Деца Родители

Паника меѓу лекарите: Гледањето во екран остава последици кај најмладите

Објавено

на

Оваа сцена може да се види се почесто, особено за време на патувањата. Француските педијатри и психолози, пак, покренаа предупредување и рекоа дека поставувањето на мали, предучилишни деца пред екраните претставува закана за нивното ментално здравје.

Лекарите кои секојдневно работат со деца од предучилишна возраст тврдат дека постоjат индикации односно, напуштањето на детето пред тактилниот екран што го апсорбира целото внимание и целосно го изолира од околината, предизвикува бројни нарушувања на функцијата на мозокот. Родителите треба да бидат загрижени дека детето е мирно и не ги “мачи”, велат експертите.

Француските експерти излегоа во јавноста со информации за односот меѓу нарушувањата поврзани со аутизмот кај децата и времето поминато пред екраните на разни апарати.Уште во 2009 година, француската управа за јавно здравје издаде препорака дека децата под три години не треба да поминуваат време пред екрани од секаков вид.

Во 2013 година, Француската академија објави студија која е сеуште во сила и е мета на тешки критики. Имено, оваа студија тврди дека тактилните таблети се корисни за развојот на сетилата и моториката кај децата. Здружението на француски педијатри не оди многу подалеку со изјава дека ”таблетите не треба да се користат пред третата година”.

Мобилен за смиреност

Речиси половина од француските родители изјавиле дека за да ги смират своите деца (помлади од три години), им даваат мобилен телефон. Повеќе од половина од младите деца под три години поминуваат најмалку половина час неделно пред интерактивниот екран.

 Се почесто може да се слушне дека бројот на децата со аутизам расте, дека има се повеќе и повеќе “хиперактивни” деца кои треба да земаат лекови за спиење!
Д-р Диканда предупреди дека овие деца често ги дијагностицираат со “аутизм”, иако тие не се навистина болни од оваа болест.

– Се покажа дека е доволно да се укине повеќечасовното гледање во екранот, бидејќи децата кои имаат големи тешкотии често поминуваат 6 до 12 часа дневно пред екранот – вели д-р Диканда.

Голема паника во француската јавност предизвика текстот објавен во парискиот портал “Mondu”, кој започнува на следниот начин:

– Вниманието на децата е целосно насочено кон екранот. Во такви услови, родителите и децата не разменуваат доволно ставови и не можат да ја градат својата врска – пишува во текстот на француските експерти.

Тие предупредуваат дека во таков случај, мозокот на децата не може нормално да се развива, бидејќи истражувањето на објектот околу него е запрено поради екранот што го привлекува вниманието, детето е принудено да се откаже од своето истражување и еколошко тестирање, што е доволно за да се одложи развојот на говор и општ развој на детето.

Децата кои заради приврзаноста со екранот обично не прозборуваат како што треба и до четвртата година од нивниот развој, дури и кога некој ги нарекува според нивното име.

Тие не можат да гледаат во лицето кое ги адресира или субјектот што го прикажуваат, само можат да гледаат во екранот на таблетот. Тие не можат да комуницираат со животната средина, ниту со други деца.

Списанието “Сајантифик рипорт” објави анкета на експерти од лондонскиот универзитет кои покажаа дека изложувањето на тактилен екран кај децата на возраст од шест до 36 месеци предизвикува намалување на квалитетот на спиењето. Со тоа се појавува оштетување во формирањето на мозокот и невронските врски кои се градат додека детето спие.

Превенција во четири чекори

Психолог Сабин Дифло објави програма за превенција во наречена “четири чекори”: не се вклучува екран во текот на утрото, ниту за време на оброкот, ниту во детската соба, ниту пред спиење.

Тој со уште девет доктори и психолози, објави текст со предупредување, по што здравствените власти во Франција се согласија да започнат кампања на државно ниво. На сите лекари и педијатри ќе им бидат испратени инструкции за поставување на прашањата за екран во домот при преглед на децата.

Експертите сметаат дека со тоа ќе им помогнат на родителите да бидат повеќе свесни за опасностите од изложување на малите деца пред екраните.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена