Поврзи се со нас

Вести

Папа Франциско: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело

Објавено

на

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека законите што ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни и оти „бог ги сака сите свои деца онакви какви што се“. – Да се биде хомосексуалец не е злосторство, истакна папата Франциско.

Тој истакна дека католичките бискупи во некои делови од светот сè уште ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата.

Бискупите мора да поминат низ процесот на промени. Тие треба да бидат нежни, како што е бог кон сите нас, посочи папата Франциско.

Тој, зборувајќи за законите со кои се криминализира ЛГБТ популацијата, посочи дека Католичката црква може и треба да работи за да се стави крај на тоа и дека хомосексуалците мора да бидат добредојдени во Католичката црква и почитувани и оти не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани.

Тој додаде дека мора да има разлика помеѓу криминал и грев во однос на хомосексуалноста.

– Да се биде хомосексуалец не е кривично дело. Прво треба да правиме разлика помеѓу грев и злосторство. Гревот е и недостаток на милост еден кон друг, посочи папата Франциско.

Папата Франциско кога беше надбискуп на Буенос Аирес се залагаше за давање правна заштита на истополовите двојки.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена