Свет
Парада на победата во Москва – Путин: Русија донесе мир и слобода на светот

На Црвениот плоштад во Москва денеска беше одржана голема воена парада по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. На свеченоста присуствуваа повеќе од 20 светски лидери, голем број делегации од различни држави и илјадници граѓани, кои со почит ги ислушаа говорите и сведочеа на историскиот спектакл.
Во централниот говор, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, истакна дека Денот на победата е „најголемиот празник“ за Русија и изрази благодарност кон ветеранските поколенија. „Како наследници на победниците, ние го чувствуваме 9 мај како ден на единство, традиција и национална гордост. Русија ќе остане непремостива пречка за фашизмот и антисемитизмот, а подвизите на борците од Црвената армија ќе останат забележани во светската историја. Русија донесе мир и слобода на светот“, порача тој и прогласи минут молк за сите загинати во конфликтот.
Парадата ја отвори марш низ плоштадот на пешадиските и механизираните единици, по што беше извршена презентација на повеќе од 130 модерни воени возила. Меѓу нив се најдоа најновите руски тенкови на платформа „Армата“, системи за противвоздушна одбрана С-400, повеќецевни ракетни лансери „Торнадо-С” и ракети „Искандер“. Мобилните ракетни системи Јарс, специјализираните воени камиони „Камаз“ со борбени дронови „Геран“ и „Ланцет“, како и најсовремените лесно оклопни возила, дополнително ја одбележаа технолошката моќ на руските вооружени сили.
Меѓу бројните гости беа претседателите на Кина Си Ѓинпинг, на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, на Венецуела Николас Мадуро, и на Египет Абдел Фатах ел-Сиси, како и премиерот на Словачка Роберт Фицо, претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Нивното присуство Москва го оцени како знак на почит кон жртвите и непроценливиот придонес на Советскиот Сојуз за поразот на нацизмот, над 27 милиони Советски државјани загубија живот во конфликтот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос