Гостивар
Пари од буџетот на Општина Гостивар за спортски клубови, погодените во земјотресот во Турција…

Доделувањето на финансиски средства беше во средиште на денешната седница на Советот на Општина Гостивар, 19-та по ред на овој состав. Советниците едногласно изгласаа одлука за издвојување 300.000 денари од општинскиот буџет како помош за погодените во катастрофалниот земјотрес во Турција. Предлогот дојде на иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, кој од говорницата повтори дека Гостивар сочувствува со турскиот народ и природната непогода што ги снајде и во знак на солидарност подава рака во рамки на своите можности.
Од ставката во буџетот на Општина Гостивар наменета за поддршка на спортот, пари ќе им бидат доделени на спортските клубови. На седницата денес усвоени беа одлуки со кои ФК Гостивар треба да добие 450.000 денари, КК Гостивар 700.000 денари, а одредени финансии ќе добијат и ФК Арсими-Чегране, Шаховскиот клуб Гостивар, Параглајдинг клубот Кондор и Ракометниот клуб Јехона. Како што појасни претседателот на Советот, Валбон Лимани се очекува со ребалансот на буџетот спортот да биде поддржан дополнително.
На седницата, беше изгласана и одлука за доделување средства на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.
Советниците ја усвоија и годишната сметка на општината за 2022-ра, извештаи и програми врзани со работата на јавните претпријатија, како и неколку одлуки од урбанизам.
Советот на денешната седница, исто така го прогласи градоначалникот на Тирана, Албанија Ерион Велиај за почесен граѓанин.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава