Поврзи се со нас

Вести

Пари за асфалт до Русино има, се чека погодно време

Објавено

на

Патот до регионалната депонија за Полог, Русино ќе се асфалтира и уреди со 24 милиони денари, пари од Министерството за локална самоуправа, преку проект на Центарот за развој на полошкиот регион. Најавата ја дадоа првите луѓе на институциите, кои заедно со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, денес беа на терен и го посетија местото.

Фирмата изведувач веќе е избрана на тендер, но започнувањето и текот на работите зависат од временските прилики.

„Полошкиот плански регион го лоцираше уредувањето на патот како приоритет и ние ценевме дека овој проект е важени за таа намена издвоиме 24 милиони денари“, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Според Таравари, причината зошто повеќе години не бил асфалтиран патот долг 2,5 километри, лежи во неисполнувањето на барањата на локалното население. „Сега од десетина барања, повеќето се во процес на реализација како заградување на депонијата, мерење на загаденоста на воздухот, почвата и водата, видео надзор и други. Мислам дека сега сме координирани и нема такви пречки за да почне асфалтирањето уште утре, задутре. Но бидејќи сме во зимски период, јас се надевам дека можеби за месец, два, три ќе почне да се асфалтира.“, изјави градоначалникот.

Како што информираше раководителот на Центарот за полошки регион, Фатмир Саити донесена е одлука за формирање на регионално Јавно претпријатие за управување со отпадот, кое ќе биде со седиште во Гостивар. Се очекува за половина година да завршат сите процедури околу неговата регистрација и тоа да започе практично да функционира.

Надлежните велат дека за модернизирање на Русино се обезбедени 7,9 милиони франци од швајцарски фондови со кои депонијата ќе ги задоволи основните стандарди. За да прерасне пак, во најсовремена депонија со фабрика за рециклажа потребни се над 30 милиони евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена