Поврзи се со нас

Македонија

Пари за земјоделците од Програмата за рурален развој за систем „капка по капка“ и бунари

Објавено

на

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ја објави Мерката „Набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари, и други зафати на површинска вода.“ од Програмата за рурален развој. Преку оваа мерка на располагање на земјоделците се 20 милиони денари со кои земјоделските стопанства ќе може да набават систем за наводнување капка по капка, да направат конструкција на бунари и други зафати на површинска вода.

„За овие Мерки ќе може да аплицираат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.  Барањата за добивање на финансиските средства се поднесуваат електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува  1.800.000 денари за земјоделците кои ќе аплицираат за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари“, вели директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Парите се наменети за: подземни системи за наводнување капка по капка, набавка на опрема и приклучна опрема за системот за наводнување  филтри, фертиригатори, пумпи, цевки и спојни елементи), набавка на опрема и приклучна механизација за поставување и собирање на системот капка по капка, опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за енергетска ефикасност и опрема за производство на одржливи енергии, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и софтвер, услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи вклучително и инсталирање на опремата и софтвер, услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.

„Избирањето ќе биде по принцип на рангирање, а ако одредени апликанти имаат ист број на бодови ќе се земе предвид прв дојден прв услужен. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу 2 барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. “, вели Бабовски.

Според правилата на Програмата , апликантите освен барањето кое треба да биде своерачно потпишано, заедно со податоците за локација на инвестицијата, ќе треба да прикачат и понуда, профактура за предложената инвестиција и деловен план изготвен согласно предвидениот образец „деловен план“.

Краен рок за аплицирање е 21 август.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена