Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 10/02/2019 | 11:31

Парични награди за основци математичари и наставниците ментори

Министерството за образование и наука на Република Македонија објави јавен повик за доделување на парични награда за успешни основци и ментори од областа на математиката и природните науки.
Како што пишува во повикот, наградите се во износ од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место на меѓународен натпревар по математика или природни науки во учебната 2018/2019 година.
„Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави и притоа се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се рангираат нивните постигнувања. МОН не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на натпреварот по математика „Кенгур” кој се организира од страна на Сојузот на Математичарите на Република Македонија кој е дел од Меѓународната асоцијација „Kangourou sans Frontieres”, бидејќи истиот не е меѓународен натпревар. Исто така, Министерството не доделува награда за меѓународните натпревари кои се организираат преку on-line аплицирање и меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти.“, се наведува во повикот.
Пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука лично или преку пошта, а краен рок е 30 август 2019-та година.
Детали околу условите и пријавувањето може да прочитате на веб страната на МОН

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*