Македонија
Парите од МојДДВ ќе може да се донираат во државниот буџет за справување со коронавирусот

Владата донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во државниот Буџет поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот.
„Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија, ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање. За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.“, објаснуваат од Владата.
Донесена е и Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба.
Според уредбата се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.
Оваа уредба овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.03.2020-31.03.2020 и за период 01.01.2020 – 31.03.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.
Со уредбата се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.04.2020-30.04.2020 година, заклучно со 31 мај 2020 година.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година