Поврзи се со нас

Македонија

Парите за купените влезници за Македонија-Косово ФФМ ќе ги рефундира од утре

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите поддржувачи и навивачки на македонската репрезентација дека од петок, 09.10.2020 до 23.10.2020 преку МК Тикетс, ќе се врши враќање на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23. март 2020.

Парите од купените билети ќе се враќаат на следниот начин:

Документ за идентификација и оргиналниот веќе купен билет, на следните продажни места:

Скопје:

– Билетара на градскиот стадион во Скопје во период од 9.10. до 23.10.

– Прилеп – ТА Бран –  9.10. до 23.10.

– Штип, кафе „Симбол“ –  9.10. до 23.10.

Струмица:

– Кафе бар „Концепт“  9.10. до 23.10.

 Неготино:

– Тобако Корзо

Велес:

– Унисон  9.10. до 23.10.

Охрид:

– ТА Глобус Травел  9.10. до 23.10.

Битола:

– Книжара „Литература МК“ од 13.10 до 18.10

Сите кои не се во можност или имаат проблем слободно да  искомуницираат на contact@mktickets.mk

Натпреварот меѓу Македонија и Косово на 08. октомври ќе се одигра без присуство на публика како една од мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од пандемијата Ковид-19.

УЕФА во текот на изминатата седмица преку допис ги информираше националните федерации дека дозволува присуство на публика во ограничен број (1/3 од вкупниот капацитет на стадионот) и Фудбалската федерација на Македонија преку официјален допис до здравствените институции побара дозвола за присуство на публика на утрешниот натпревар, но конечната одлука во однос на присуство на публика на стадионите во нашата држава до овој момент не е променета, односно важи забраната за собири на спортските гледалишта и стадиони.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена