Македонија
Парите за студентски оброк ќе се исплаќаат само на наменска картица

Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, со што се овозможува средствата да се користат исклучиво за субвенционирање за обезбедување на здрав оброк на студентите. На потпишувањето на протоколот за имплементација на мерката, присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот и заменик претседателот на УО на Шпаркасе Банка Санел Кустурица и Нина Неданоска.
„Во новата академска година, студентите ќе ги добиваат паричните средства на наменска платежна картичка. Ова е системското решение со кое нашите студенти, исто како и нивните европски колеги, добиваат финансиска поддршка само за намената за која се одвојуваат од буџетот на МОН – да им помогнеме во обезбедувањето здрав оброк“, рече министерот Шаќири.
Сите студенти кои ќе стекнат право на субвенциониран студентски оброк, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменската платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на банката. За отворањето на сметката, издавањето и одржувањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.
Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, наменета за купување приготвена храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Наменската картичка е дел од пакетот што ќе го добие студентот кој стекнал право на субвенциониран студентски оброк.
„Со овој пакет ќе им овозможиме на студентите да добијат многу поголеми дополнителни придобивки. Студентите ќе добијат две картички, едната ќе биде за купување здрав оброк а другата ќе биде платежна картичка Vibe on, со што тие стануваат дел од Клуб Премиум“, рече Кустурица.
Годишно, за оваа мерка од буџетот на МОН се одвојуваат над 940 милиони денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог