Гостивар
Паркирај прописно! Проект на СВР Тетово за повисока сообраќајна свест

СВР Тетово започна имплементација на нов превентивно-едукативен и информативен проект „Паркирај прописно-овозможи нормален сообраќај“, чии носители се Секторот за внатрешни работи Тетово и тетовската и гостиварската локална самоуправа, во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во рамките на овој заеднички проект, инициран и организиран од Отсекот за превенција на СВР Тетово, предвидени се повеќе содржини кои треба да придонесат за поголем ред и безбедност во паркирањето во двата полошки градови и пред се во нивните централни подрачја, а преку подигнување на нивото на сообраќајната свест и култура на сопствениците на моторни возила, односно возачите.
„Во текот на овој и наредниот месец, ќе бидат поделени летоци изработени на македонски и албански јазик, а ќе се организираат и таканаречени сообраќајни поуки за возачите-прекршители. Напоредно со тоа, ќе продолжат и секојдневните контроли за откривање и санкционирање на погрешно, односно непрописно паркираните возила и посебно во таканаречени „двојни редови“, во зони на крстосници, зеленило и така натаму.“, информира полицијата.
СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите да внимаваат каде ги оставаат возилата, затоа што прекршоците ќе бидат санкционирани.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја