Поврзи се со нас

Гостивар

Паркирајте по пропис – пајакот “демне” по гостиварските улици

Објавено

на

Пајак службата во Гостивар дневно подигнува од 5 до 10 погрешно паркирани возила. Надлежните оценуваат дека засилените контроли ја подигнаа дисциплината кај возачите, и тие сега обрнуваат повеќе внимание на тоа каде ги оставаат своите автомобили. Непрописното паркирање се уште го има, но постепено се воведува ред.

Од јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, во чиј склоп функционира пајак службата велат дека акциите ќе бидат редовни и понатаму.

„Може да кажеме дека акциите даваат резултати, но секако дека треба и понатаму да се работи во правец на воведување ред. Ние ќе продолжиме да спроведуваме контроли, секојдневно на терен заедно со полицијата со која имаме одлична соработка и гледаме дека има волја да се стави ред по улиците.“, рече Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Кога почна акцијата во првата недела беа подигнати околу 80 погрешно паркирани возила. Биле оставани на тротоари, зелени површини, на крстосници и слично.

Неколку улици и делови од градот се нотираат како најоптоварени со непрописно паркирани автомобили: ул. „Мајор Чеде Филипоски“ кон општата болница, ул „Живко Брајковски“ од судот кон населбата Дутлок итн.

Паралелно со контролата во паркирањето, службите ги санкционираат и оние кои узурпираат јавни површини со земјоделски и други прехранбени производи со импровизирани тезги, со угостителска опрема и слично.

Целта на акциите е да се воспостават безбедносни услови и непречено движење за пешаците, како и за останатите учесници во сообраќајот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена