Поврзи се со нас

Гостивар

Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

Објавено

на

Дел од големиот градски парк во Гостивар, кој ќе го опфати постојното детско катче кај некогашен Пионерски дом, ќе го трансформира изгледот и ќе добие социјално инклузивно катче-парк, каде ќе може да се забавуваат и рекреираат и децата со посебни потреби. Детско игралиште на оваа локација целосно ќе се реконструира, прошири и обнови, а со зафати дополнително ќе биде опфатена и околната површина.

Проектот, вреден 6 милиони денари, Општина Гостивар, ќе го реализира преку Бирото за рамномерен регионален развој и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Целта е градскиот парк во Гостивар да се претвори во актрактивен простор од социјален карактер, наменет за населението од сите старосни групи, како и децата и лицата со посебни потреби.

„Со овој проект аплициравме до Бирото за рамномерен регионален развој и СДЦ и обезбедивме средства за негова реализација. Самиот наслов на проектот Социјално инклузивен парк, кажува дека ќе бидат вметнати и играчки за децата со посебни потреби. Целата постапка од наша страна е завршена, имаме и одобрение за градба според сите стандарди за да се направи едно безбедно место за децата и сите граѓани“, рече Дашмир Османи од општинската канцеларија за Локален економски развој.

Предвидено е со реконструкција да се опфати површина од 3.200 метри квадратни. Од фотографиите може да се види каков ќе биде изгледот и содржината на паркот. Ќе се постават најразлични детски реквизити, лулашки, вртелешки, лизгалки, дел од нив приспособени за децата со попречености. Освен тоа локацијата ќе се поднови со повеќе клупи, канделабри, корпи за отпад и друга урбана опрема. Ќе бидат освежени и пешачките патеки.

Кога ќе започнат работите на терен, зависи од заокружувањето на тендерските процедури. Катчето што е предвидено за децата ќе биде заштитено со ограда и ќе има посебен влез.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 12 минути

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 1 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена