Рецепти
Паста фажол со пармезан – идеално топло јадење за студените денови

Доколку сакате вкусно, сочно и здраво јадење што ќе ги нахрани и телото и душата, ви предлагаме рецепт за чорба Паста фажол со пармезан. Тоа е идеално топло јадење за студените денови и успешно ја брка зимската меланхолија.
Паста фажол (Pasta e fagioli) е италијански рецепт и во буквален превод значи „тестенини и грав“. Тестенините и гравот можеби не звучат премногу примамливо, но ве уверуваме дека оваа италијанска чорба е навистина неодолива.
Состојки за Паста фажол со пармезан:
– 4 лажици маслиново масло
– 1 голема главица сецкан кромид
– 2 средни исечени моркови
– 1 среден корен од целер исечен на коцки
– 300 грама грав
– 720 грама канели од конзерва, измиени и исцедени
– 2 средно печени црвени пиперки
– 3 чешниња мелен лук
– сол и свежо мелен црн пипер
– 650 грама варено пилешко
– 1 средно сецкан црвен домат
– 1 голема рака сецкан свеж магдонос
– 400 грама варени тестенини
– 130 грама рендан пармезан
– 2 лажици сецкани оригано
– 6 свежи листови од босилек, исецкани
Подготовка:
Во поголемо тенџере, загрејте го маслиновото масло на средна топлина. Додадете кромид, моркови, целер и пржете го зеленчукот додека морковите не поруменат, две до три минути. Намалете ја топлината, а потоа додадете ги пилешките парчиња, грав, црвен пипер, лук, сол и црн пипер. Оставете го да врие додека не омекнат зеленчукот и гравот. Потоа додадете ги вареното пилешко, домат, магдонос и оставете го да се готви додека доматите не омекнат. Намалете ја топлината и додадете ги тестенините, пармезан, оригано и босилек. Гответе уште 20 до 30 минути .
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја