Гостивар
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање

Еден твит што се појави деновиве повторно разгори дебата за една од вечните теми во јавноста – како се наплатуваат патарините. Според објавата што ја споделија стотици на социјалните мрежи, ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари, кога ќе се одбијат викендите и годишниот одмор, пишува ПРИЗМА. во текст под наслов „Политичко лицемерие со патарините“.
Слично е и со другите градови што се блиску до Скопје, од каде што вработени патуваат дневно до главниот град и се враќаат. Возач од Тетово би платил речиси 39.000 денари ако секој работен ден вози автомобил до Скопје и назад, од Гостивар околу 68.000, а од Куманово над 48.000.
Во анализата понатаму се споделуваат податоци од Светска банка од 2015 година, според кои наплатата на патарини учествува со 0,5 проценти во вкупниот БДП во државата. Од вредноста на целата стопанска активност што се одвива во текот на една година – производство, услуги, работи, половина процент отпаѓа само на парите што ги даваме за да се крене рампата на автопатот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022