Поврзи се со нас

Вести

Патите ли од ниска самодоверба? – Што може да ви помогне да верувате во себе?

Објавено

на

 

Голем број на луѓе во некои аспекти се несигурни, се сомневаат во своите способности или имаат негативно мислење за себе. Секој човек има способност за биде свесен за себе и да ги процени сопствените вредности или вредностите на некои сопствени аспекти. Според тоа,самодовербата преставува начин на кој се гледаме себе си и какво е нашето мислење за самите себе и за вредностите кои што ги доделуваме за себе како личност.

Дали некогаш сте биле незадоволни со себе или несреќни во врска со себе? Дали сте помислиле дека сте слаби, недоволно добри инфериорни во однос на другите луѓе, бескорисни, непривлечни? Голем број на лиѓе ги користат овие зборови за да се опишат себе си  во моменти кога се соочуваат со стресни ситуации. Ниската самодоверба подразбира генерално негативно мислење за себе и глобално негативна оценка за себе како личност.

Во суштина луѓето со ниска самодоверба имаат длабоки, базични, негативни уверувања за себе и сопствената  личност. Овие уверувања најчесто се прифаќаат како факти или вистини за нивниот идентитет. Како резултат на тоа ниската самодоверба може да има негативни последици за личноста и за нејзиниот живот. Ваквите личности се премногу самокритични, се сомневаат во себе и во своите способности. Доколку им се даде комплимент за нешто што добро ќе го направат најчесто тоа ги препишуваат на присуство на среќа или случајност, а не на своите способности. Исто така,овие личности го истакнуваат она што не го направиле, а можеле да го направат, како и грешките кои што ги направиле.И маат потешкотии да ги изразат своите потреби и да се престават себе, избегнуваат предизвици и ги пропуштаат можностите од страв дека нема да се прикажат во добро светло. Доминантни се чувствата за тага, депресија, чувство за вина, срам и бес.

Во интерперсоналните односи, личностите со ниска самодоверба можат за бидат вознемирени од било каква критика или неодобрување, крајно се срамежливи па поради тоа ги избегнуваат интимните односи или социјални контакти. Избегнуваат забавни и релаксирачки активности бидејќи мислат дека незаслужуваат да уживаат  да се забавуваат.

Техники за јакнење на самодовербата

Фокусирање на своите позитивни страни

За разлика од пронаоѓањето на своите мани и недостатоци,задачата се состои во тоа да особата ги запише исклучиво своите добри особини. Оваа е прилично тешко за личности со ниска самодоверба бидејќи  овие особи најчесто се фокусирани само на она што кај себе го гледаат како негативност. На овој начин се учи да се промени фокусот од негативните на позитивните вреднувања кај себе.

Пишување на дневник за своите позитивни особини

Очино личностите со ниска самодоверба за оваа вежба помислуваат дека нема што да се напише или се срамат, чувствуваат анксиозност, непријатност. Сепак,нивната задача е доколку им се појави негативна мисла за себе да се потрудат да не дозволат мислата да ги исполни со негативна енергија и секогаш мислите да ги насочуваат кон позитивни аспекти за себе. Понатаму треба да ги напишат сите свои позитивни особини кои на личноста ќе и дојдат во мислите и да ги опишат. Доколку личноста не може да оцени што е позитивно кај неа може да праша друга личноста што и е блиска. Во оваа вежба се е важно – да се опишуваат во детали и ситници позитивните особини исто како што ги опишуваат негативните особини. Кога ќе се напишат позитивните особини потребно е тие често да се читаат се со цел да се запаметат сите позитивни особини.

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог                    

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа

                     Гостивар

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена