Гостивар
Патот до Галичник месец дена непрооден поради снег, денес акција за чистење

Според информациите од МЗ Галичник, регионалниот пат Маврово-Галичник е непрооден за сообраќај на возила од 29 ноември. Во селото има тројца постојани жители, кои се отсечени од светот, сопственици на викендици имаат желба да престојуваат таму во празничниот период, а има најава и за туристи и посетители.
МЗ побарала интервенција од Центарот за управување со кризи, а директорот Стојанче Ангелов, денес извршил увид на состојбата и се спроведува акција за чистење.
„Патот од последните врнежи на снег, до ден денешен не е истчистен. Последните денови направивме координации со надлежните, со ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и очекуваме во текот на денешениот ден овој пат да биде расчистен“, изјави Ангелов.
Директорот на ЦУК при увидот на терен се сретна со претседателот на МЗ Галичник, Александар Костиќ.
„Патот од 29 ноември е непрооден за патен сообраќај. Во Галичник има тројца постојани жители, од кои двајца се во одминати години. Имаат угостителски обејкти кои поради непроодноста не може да функционираат. Галичник има и хотел со 40 легла кој поради истото не може да функционира, а најавени се гости за празниците. Има 230 куќи чии сопственици сакаат празниците да ги поминат тука. Овој пат не е важен само за Галичник туку од овде поминува и далновод и дефект на тој далновод ќе значи, половина западна Македонија да нема струја“, изјави Костиќ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче