Поврзи се со нас

Гостивар

Патот на црешовото топче: Свеченост и благослов во Бигорскиот манастир

Објавено

на

    Во чест на големиот македонски празник Илинден, традиционалната коњаница „Патот на црешовото топче“ повторно го направи својот годишен поход до Свештената Бигорска Обител. И оваа година, по петнаесетти пат, Бигорски беше домаќин на илинденската манифестација „Бигорски манастир – Патот на црешовото топче“, информираа од Бигорскиот манастир.

    -Со благослов на нашиот старец и игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, група млади родољубиви комити, пристигнаа во манастирот. Овие храбри млади луѓе, облечени во традиционални комитски носии, со голема посветеност и љубов кон својата татковина, ја продолжуваат традицијата на Илинденците, додаваат од манастирот.

    Коњаниците учествувале на светата богослужба во храмот на Свети Јован Крстител, каде од Архимандрит г. Доситеј, бил извршен молитвен благослов за нивниот марш до Крушево.

    Во својата беседа  ги „поттикнал младите на подвигот и пожртвуваноста на нашите предци, истакнувајќи ја важноста на љубовта кон Бога и Татковината”.

    По завршувањето на богослужбата, коњаниците пред Светото Писмо, револвер и кама дале заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело, истата заклетва што некогаш ја положиле сите членови на Македонската револуционерна организација. Овој чин е симбол на нивната посветеност и решителност да ја одржат живата меморијата за нашата борба за слобода.

    -Свештената Бигорска Обител има длабоки историски корени во борбата за македонската слобода. Во текот на Илинденското востание, монасите од Бигорскиот манастир активно учествувале во подготвувањето на востанието. Една од најпознатите и најзначајните активности на монасите била изработката на црешовите топчиња, кои се користеле како оружје во борбата. Овие импровизирани топчиња, направени од црешово дрво, биле симбол на иновативноста и решителноста на нашите предци во нивната борба за слобода. Монасите ги изработувале овие топчиња со голема прецизност и вештина, и тие станале важен дел од вооружувањето на Илинденците, наведуваат од манастирот.

    Претседателот на здружението „Бигорски манастир – Патот на црешовото топче“,  Манојил Јаковлески, во обраќањето  упатил посебна благодарност кон владиката Партениј и братството за „нивната неуморна родољубива дејност и несебична поддршка за остварување на оваа манифестација”.

    Потоа коњаниците го продолжиле своето патешествие кон Крушево, каде што на 2 август ќе се одржи централната Илинденска прослава.

    -Овој настан не само што го обединува македонскиот народ, туку и ја поттикнува младината да ја запознае и почитува својата историја и традиција. Нека ви е честито и од Бога благословено патувањето за нашето славно Крушево, и нека споменот за тоа Крушево и за Востанието, остане засекогаш силно врежан во нашите срца, порачале од Бигорскиот манастир. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена