Гостивар
Патот од гостиварска патарина до Здуњска раскрсница ќе се рехабилитира
До крајот на следната недела треба да започнат работите за реконструкција на патот од наплатната рампа – Гостивар до Здуњската раскрсница, делница во должина од околу три километри.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов при увидот на работите на патот Маврово-Ниќифорово во четвртокот (12 септември), информираше дека тендерските процедури за овој проект се завршени.
„Го чекавме сообраќајното решение и чекавме малку да се намали интензитетот на сообраќајот со иселениците. Сега веќе ќе започне рехабилитацијата на патот од наплатната рампа кај Гостивар до раскрсницата кај Здуње. Не ми беше јасно зошто овој дел е прескокнат, кога се рехабилитираше патот од Здуње до Кичево, но го увидовме тоа, го ставивме во Програмата, тендерот е завршен, изведувачот е избран и за седум дена ќе започне со работа“, изјави Китанов.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
1 Коментар