Гостивар
Патролни општински екипи во Гостивар контролираат дали граѓаните носат маски
Стандардно, со повик граѓаните да се држат до мерките за заштита од коронавирус и оценка дека состојбата е релативно стабилна заврши и денешниот состанок на Меѓуопштинскиот кризен штаб во Гостивар.
Како што веќе информиравме, изминатото деноноќие на подрачјето е потврден само еден новозаболен и тоа од село во Општина Врапчиште.
Носењето заштитна опрема на лицето е една од мерките на којашто надлежните постајано им укажуваат на граѓаните. Во Гостивар деновиве, освен полицијата и општински патролни екипи контролираат дали и колку се користат маски во пропишаните услови и места.
„Сега веќе функционираат мобилните екипи на Општина Гостивар кои имаат за задача да контролираат дали граѓаните ги почитуваат препораките и протоколите. На одредени граѓани кои не носеле маски веќе им е сугерирано, биле предупредени, но ако има такви кои ќе продолжат со непочитување, најверојатно ќе почнеме и со казнување.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Според информациите од Кризниот штаб, сите пациенти со Ковид 19 на подрачјето во моментов се во стабилна состојба, надвор од загрозувачки ризици, а голем дел од нив се и без никакви симптоми.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди