Поврзи се со нас

Гостивар

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Објавено

на

Полни тезги со богата и разновидна понуда, главно на зеленчук и овошје и голем број граѓани излезени да пазаруваат. Вака беше претпладнево на вторничкиот пазарен ден на градскиот пазар во Гостивар. Забележливо е намалување на цените на земјоделските производи, а некои се дури и преполовени за разлика од претходната недела.

Најбарани, како вообичаено во овој период од годината се патлиџанот, пиперките, краставиците, како и праските, црешите и лубеницата. Но, без оглед на тоа што решиле да пазаруваат и однесат дома, воочливо беше дека граѓаните не купуваат во големи количини, туку колку да има за неколку дена.

„Излеговме да пазаруваме, тоа ни е традиција секој вторник. Денес не е скапо, ама ако купиш од се‘ по малку, пак ќе отидат 500 денари. Затоа си земаме само тоа што ни е најосновно, за салата и за освежување некое овошје“, ни рече гостиварец.

Килограм патлиџан јабучар се продава по 40-50 денари, краставиците 3 килограми за 100 денари, пиперките од 50 до 70 денари, зелката 30 денари, компирот 30-40 денари, марулата 10 денари парче. Од овошјето најскапи се лимоните 120 денари за килограм, праските и бананите се продаваат по 60 денари, кајсиите по 80, додека црешите држат цена од 100 денари. Килограм стар кромид чини 30 денари, додека врзоп млад кромид 10 денари.

На гостиварскиот пазар освен зеленчук и овошје се продаваа и јајца, сирење, мед, свежо цвеќе и др.

На пазарот во Гостивар денес можеше да се сретне и несекојдневен цвет кој е вистинска реткост на овој дел од земјината топка – Калистемон. (lat. Callistemon viminalis) е зимзелена грмушка што припаѓа на родот Myrtaceae и вклучува повеќе од 40 видови. Потекнува од Австралија, поточно Нов Јужен Велс и Квинсленд, најчесто расте во близина на море. Единствениот примерок на пазарот се продаваше за 50 евра.

Купувачите се задоволни од поевтинувањето, но тезгаџиите негодуваа, особено оние кои самите се производители.

„Со ваков пад на цените, ние не можеме да си ги покриеме трошоците, за трудот и работата да не правиме муабет. Не е исплатливо“, рече еден од продавачите.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена