Поврзи се со нас

Македонија

Пазарна ќе ги објави фирмите кои нема да ги намалат цените

Објавено

на

Повеќе од 160 инспектори се на терен низ државата, се постапува без никаква селекција, исклучиво според закон. Од утрово досега е евидентирано намалување на цените и нема нерегуларности, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски кој денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши посети скопски маркет по повод владините одлуки за новите, замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Како што информира Трајковски, детални податоци од инспекциските надзори ќе бидат соопштени во текот на денот или утре.

Според него, ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности.

-ДПИ постапува со полн капацитет. По увидот на фактичката состојба, во текот на денот ќе можеме да дадеме подетални информации. Досега има намалување на цените и од утрово нема нерегуларности. Би сакал да причекам додека не го добијам деталниот извештај па до крајот на денот или максимум утре да излеземе со детални информации. ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности зашто одлуките се во интерес на граѓаните. Ова нека биде поттик трговците самосвесно да ги намалат цените, истакна Трајковски.

Тој потсети дека казните за евентуалните непочитувања на одлуките се од 800 до 10 000 евра.

-Апелирам, со оглед дека имаа шест дена период трговците да се прилагот за почитување на одлуката, тоа да го направат зашто санскиите се високи, од 800 до 10 000 евра, а надзорите ќе се вршат до крај и по закон, потенцира директорот на ДПИ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 7 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена