Вести
Пазарот во Гостивар во знак на зимниците – граѓаните се пожалија на цените
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/09/pazar-nas-e1572428832435.jpg)
Градскиот пазар во Гостивар во вторник како и вообичаено, врие од продавачи, а денес во центарот на понудата беше зеленчукот за подготовка на зимниците. Различини цени, различен квалитет, секој на свој начин се обидува да ги привлче купувачите. За повеќето од нив пак, најважна е цената. Пиперката, позната како ајварка се продава по цени од 25 денари за килограм, па се до 40 денари, а има и понуди од 3 килограми за 100 денари.
Еден од продавачите рече дека кавалитетот ја одредува цената, но купувачите гледаат што е можно да поминат поефтино. Како една од причините за високата цена на ајварките, ги наведе и лошите временски услови, кои го намалија родот на овој вид зеленчук.
„Сите гледаат да поминат што е можно поефтино, никој не гледа во квалитетот. А, од друга страна, родот е многу мал оваа година, поради лошото време. Јас ги разбирам добро купувачите, дека треба да подготвуваат зимници, но не ми се исплаќа да ги продавам пиперките за ајвар поефтино од оваа цена“, рече продавачот.
Зеленчукот за подготвување на туршија, исто така варира со цени, според продавачите најмногу поради малиот род. Краставиците-корнишони, речиси на сите тезги се продава по 3 килограми за 100 денари, жолтатата пиперка варира од 50 до 60 денари, зелениот домат 30 до 40 денари, карфиолот 30 денари, додека пак морковот, некаде е 50, а некаде 3 килограми за 100 денари. „Оваа година многу слабо купуваат за туршија. А, и реално скапо е, но што да правиме и ние и нас не ни е лесно. Имаше невремиња, родот слаб, многу послаб за разлика од другите години“, рече продавач.
Купувачите сметаат дека цените се високи. Велат дека е традиција да се подготви ајвар и туршија, и друг вид на зимници, како лутеница, компот со овошни плодови и така натаму. Една гостиварка со која поразговаравме на пазар рече дека ќе направи ајвар, колку да има за да се проба, затоа што тоа е традиција, којашто никако не смее да се прекине.
„Колку и да се нема пари, пак подготвуваме зимници. Тоа ни е останато уште од прабаби и баби. Цените не ни одговараат, но некако ќе се снајдеме. Со девет илјади денари пензија, едвај се крпиме, ама за зимници мора да се одвои“, рече купувачката.
Сезоната на зимници, ќе трае се до следниот месец, а купувачите се надеваат дека цените ќе се намалат за да си подготват комплетна зимница за семејството.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди