Поврзи се со нас

Вести

Педесетина лица каснати од крлежи во гостиварскиот регион

Објавено

на

 

На подрачјето на Гостивар, секоја година се зголемува бројот на граѓани каснати од крлежи, бележат здравствените институции. Овие паразити особено напаѓаат во текот на пролетните и летните месеци, кога луѓето го користат топлото време за престој во природа. Во 2015-та година регистрирани се 100 каснувања, лани имало 130, додека од почетокот на оваа година до сега, 47 случаи. Лекарите велат дека среќна околност е што најголемиот дел од пациентите поминуваат со благи симптоми од локална природа, како црвенило и јадеж на местото на каснување. Болест предизвикана од крлежи на гостиварското подрачје не е регистрирана од 2012-та година. Тогаш во месеците мај и јуни имало по еден случај на Лајмска болест и тоа кај дете на возраст од шест години и маж на 57-годишна возраст.

Во однос на превентивните мерки против каснувања од крлежи, лекарите имаат повеќе препораки кои се однесуваат на внимателност, соодветна облека, специјални препарати и слично.

„При престој во шума, граѓаните треба да се движат по обележани патеки, да избегнуваат пробивање низ високи треви и грмушки. Треба да носат светла облека која ќе ги прекрие отворените делови од телото како раце, нозе, врат и глава. Заштита обезбедуваат и таканаречените репеленти, тоа се хемиски средства со кои се прска облеката или кожата и тие средства ги одбиваат крлежите. Кога ќе се вратат дома, потребно е да направат самопреглед и да ја истресат облеката како проверка за евентуално да не се закачил некој крлеж“, советува Примариус д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог во гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје.   

Медицинарите, исто така потенцираат дека граѓаните кои ќе забележат дека се каснати од крлеж, не треба да паничат и да се обидуваат сами да го отстранат, туку да побараат стручна помош.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена