Вести
Пехар за гостиварскиот Црвен Крст
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/06/17492888_1802467113413739_6519813170859898800_o.jpg)
Општинската организација на Црвениот Крст од Гостивар е прогласена за една од најуспешните во Македонија во спроведување на Програмата за промоција на хумани вредности (ПХВ). За својот труд, посветеност и хуманост, организацијата ќе добие високо признание – ПХВ Пехар, кој ќе биде доделен утре на свеченост во Скопје.
Пехарот се доделува за особен придонес и ангажман во реализација на мали проекти значајни за заедницата. Младите волонтери на Црвениот Крст од Гостивар беа постојано активни на полето на хуманоста. Преку разни акции, настани, манифестации собираа средства за проекти со кои се помогна на загрозени групи граѓани. Беше опремена детска соба за дете од социјално ранливо семејство, се реновираше училиштето во село Ѓурѓевиште, се обезбеди компјутер за децата со посебни потреби и друго.
Програмата за промоција на хумани вредности, има за цел да ја обучи младата популација за изработка на мали проекти кои се од големо значење за заедницата и да ја едуцира за културата како систем на вредности.
Гостиварскиот Црвен Крст и лани доби ПХВ Пехар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди