Поврзи се со нас

Вести

„Пеколниот“ Гостивар преку Кожув до врвот на табелата 81-71

Објавено

на

Премногу време и зборови ќе бидат потребни за да се опише се она што се случуваше вечерва во Младост во Гостивар. Кошаркарскиот клуб, приреди уште една драма која долго ќе се прераскажува. Со победата над Кожув со резултат 81-71, гостиварци се искачија на врвот на табелата.

„Младост“ беше полна 20 минути пред почетокот на натпреварот и публиката подготвена за уште еден спектакл, но занеме во третата минута по повредата на Александар Костоски. Гостиварци мораа да продолжат без плејмејкерот.

Гостите од самиот почеток покажаа дека се „тврд орев“ и дојдени се да се надигруваат во овој дуел, првата четвртина беше изедначена, заврши поен предност за гостите (21-22). Во вторите 10 минути, дополнително охрабрени од групата навивачи кои допатуваа од Гевгелија, избраниците на Јончески, успеаа да ја направат првата посериозна разлика, на полувреме имаа + 7, (35-42).

Во вториот дел Гостивар, силно бодрен од публиката се трудеше да ја анулира разликата, но Кожув делуваше искусно и ја контролираше играта и резултатот, во еден момент достигнаа предност од +13, (39-52).

Последниот период започна со резултат (53-59), гостиварската публика како да не размислуваше на пораз иако резултатот не одеше во прилог на домаќинот, во дадени моменти на „пеколната“ атмосферата во Младост можеа му завидат и најголемите кошаркарски центри во Европа. Енергијата од трибините се пренесе и на теренот, пожртвуваната игра во одбрана и рафалната стрелба од сите позиции, направија такво шоу кое дефинитивно може да се види само во Гостивар. Гостите немаа запишано погодок 9 минути, а домаќините направија серија од 18-0. Звукот на сирената беше знак, да започне славјето во градот на кошарката.

Донован Доналдсон, беше херојот на оваа победа, ги постигна погодоците кои беа најмногу потребни, запишувајќи вкупно 31 поен, 6 скокови и одиграни неверојатни 40 минути. Џелетовиќ постигна 17, Ре.Димитриевски 12, Вучковиќ 10 поени и 12 скока. Борбениот Димитриески запиша 5, Штерјов 4 и Диме Тасоски 2 поени.

Кај гостите одлична партија пружија Пејн со 23 и Трајковски со 14 поени.

Со оваа победа „бело-сините“ од Гостивар го зазедоа првото место на табелата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 12 минути

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 43 минути

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 4 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 4 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 19 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена