Поврзи се со нас

Македонија

Пеливанството ќе се заштити како културно наследство

Објавено

на

Викендов во Студеничани се одржа меѓународна културно-спортска манифестација во традиционално борење – пеливанство. Силите ги измерија пеливани од Македонија, Турција, Грција, Бугарија, Косово и Албанија, кои се натпреваруваа во пет категории.

Министерот за култура Хусни Исмаили изјави дека Министерството ја дава својата поддршка за прогласување на овој етно-спорт за културно добро,  со што ова автентично случување со сите свои специфики, ќе се заштити како културно наследство.

-Тоа е само уште една потврда дека пеливанството е вековна традиција на албанскиот народ што подразбира почитување на моќтта, почитување на противникот, почитување на правилата, на јавноста и достоинствената прослава. Кога на сето ова ќе се додадат обредите пред настапот на борачите-пеливани, тогаш традицијата добива големи вредности кои се восхитувачки за секоја нација. И во иднина треба да се продолжи со грижата за зачувување и негување на традицијата, како богатство кое е од особено значење за генерации кои доаѓаат.“, рече Исмаили.

Во рамки на манифестацијата настап имаа членовите на културно-уметничкото друштво „Емин Дураку“ кои презентираа традиционални ора и игри, а имаше и презентација и дегустација на традиционални јадења.
За вековната традиција пеливанство како традиционален спорт и вештина во општина Студеничани, како своевиден културен артефакт , Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ има изготвено елаборат со цел прогласување на пеливанството за културно добро.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена