Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 16/05/2019 | 17:00

Pella Restaurant – Гостивар доби престолнина на храната

Вчеравечер во Гостивар се отвори Pella Restaurant, со што Гостивар и регионот добија место каде гостите може да се чувстуваат КРАЛСКИ.

Она по што Pella се издвојува од повеќето други ресторани е ентериерот, оригиналната гастрономска понуда и професионалната услуга. Pella ќе овозможи секој посетител да ужива во прекрасната кујна, која претставува интересен спој на модерното и традиционалното во пријатен и опуштен амбиент. Важен сегмент на кој се посветува огромно внимание е гастрономската понуда која ќе ве потсети на автентичноста на гостиварската кујна, збогатена со модерниот стил на готвење. Како гаранција на сето ова е љубовта и страста со која сопствениците влегуваат во оваа приказна.

„Pella не е наша премиера во светот на храната и угостителството, затоа што веќе неколку години го имаме Ројал Гарден, кој е малку поинаков концепт. Додека Pella е сосема различна приказна. Pella говорови за еден спонтан, лежерен, а истовремено боемски начин на уживање во добрата храна, всушност така и се роди идејата за Pella – главниот град на храната. Желбата да се роди едно вакво место во градот е од поодамна, само требаше фокусот да се постави на една локација и да се поврземе со таргетирана група: сите оние кои знаат и сакаат да уживаат во храната се добредојдени во оваа престолнина. Ова е само еден почеток на боемскиот живот во нашиот град“, велат сопствениците Александар и Филип Јанески.

Дека квалитетната храна е ставена на прво место говори и ангажманот на еден од најдобрите готвачи во државата кој лично го составуваше менито и е Шеф во кујната на Pella, Зоран Андонов, редовен учесник на најголемите светски гастрономски настани.

„Што може еден Шеф да каже за своето мени? Менито е спој на експерименти, валкани чинии и алишта, грешки, ароми и вкусови… како што стои во самата понуда, совршен рецепт не постои, а нашето мени како спој на рецепти е една жива материја, еден дел од целата приказна. Важно е да се напомене дека нашето мени вклучува секогаш свежи продукти, а секој момент од нив е само дел од приказната што ја започнуваме денес“, вели за креирањето на менито Андонов.

Тој додава дека уживањето во Pella за секој гостин ќе биде комплетно за сите сетила.

„Во Ресторанот Pella, покрај уживањето во прекрасниот амбиент, гостите ќе може да уживаат во храна, која ќе остави впечаток не само во начинот на сервирање, туку и начинот на приготвување.  Гостите ќе можат да уживаат во удобниот и пријатен амбиент и во прекрасната услуга на високо ниво, овозможена од страна на врвниoт сервис“, вели Андонов.

На свеченото отворање на ресторанот гостите ги забавуваше Влатко Лозаноски, а присуствуваа голем број гости, пријатели, преставници на бизнис заедницата и јавниот живот од Гостивар и пошироко.

Фото: ПРОкам

(комерцијална објава)

Напишете коментар

Close