Поврзи се со нас

Претседателски 2019

Пендаровски во Гостивар: Нема да простувам криминал и Заев ако се огреши нема да му простам

Објавено

на

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата, во рамки на предизборната кампања вечерва одржа трибина на градскиот плоштад во Гостивар. Своето обраќање Пендаровски го започна со пораката дека Гостивар треба да служи како пример за меѓуетнички соживот и дека земјата може да има развој и напредок, само како мултиетничко општетсво интегрирно во ЕУ и Нато.

„Помина времето на делење на граѓаните од прв ред и втор ред. Може да одиме напред и да просперираме само како мултиетничко општетсво. И да не се лажеме дека можеме сами. Ни требаат ЕУ и НАТО. Ние изгубивме златни години во времето на претходната власт, кои наместо да ги решаваат проблемите се занимаваа со споменици. Сегашната власт ги реши споровите со соседите. Го решивме проблемот со Бугарија, која правеше проблеми на нашиот пат кон Европа, веднаш потоа направивме тежок, но нужен компромис  во нашите односи со Грција. Триесет години никој не се нафати да го решава тоа, сите го ставаа под тепих, но дојде една група млади политичари која го реши. Го донесовме и Законот за јазици, кој е последниот правен дел од Рамковниот договор. Со тоа постигнавме поголема слога, поголема инклузија на сите етнички заедници.“, рече Пендаровски.

Според него, опозицијата стравува од донесување на Законот за специјалното јавно обвинителство. „Не само што Европа бара од нас да гониме криминалци, бивши, сегашни и идни туку и за нас е норма која мора да ја исполниме да имаме специјален орган, кој ќе го гони тој таканаречениот висок криминал, тие што се на функција. Меѓутоа сегашната опозиција нејќе да чуе за таков закон. Не можеме да ги убедиме дека тоа нема да биде само за нив, ќе биде и за мене, и за било кој што утре ќе биде на власт, а ќе бркне во државниот буџет да лапа од народните пари. Тие знаат дека мал дел од нивните криминали од годините кога владееле се истражени, а уште многу остануваат.“, истакна Пендаровски, а одговарајќи на прашање од граѓанин рече дека доколку биде претседател, секогаш ќе биде на страна на правдата. „Мојата кандидатура формално е поддржана од 31 политичка партија, 32 илјади граѓански потписи и над 60 пратеници. Меѓу другите и најголемата политичка партија што е на власт на чело со господинот Заев ми даде поддршка и јас сум им благодарен за тоа. Меѓутоа, ако Заев утре како актуелен премиер се огреши пред законите, не Заев, Свети Заев да е, нема да му простам“, рече кандидатот за претседател.

Прд присутните на плоштадот во Гостивар, се обрати и актерот Ѓорѓи Нешкоски, кој претставувајќи ја својата визија за развојот и иднината на земјата, искажа поддршка за Пендаровски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена